Веќе ви раскажавме за ревијата за пролет-лето 2017 на Alexander Wang за време на Модната недела во Њујорк и е време да завршиме соодветно.
Дизајнерот откри предлози и заврши со “шлаг на тортата” – прогласувајќи ја новата колекција со Adidas Originals.
Линијата се вика ” Originals By Alexander Wang” и докажува дека спортскиот стил се уште има што да покаже, особено во услови на постојано популарните соработки меѓу спортски брендови и дизајнери.
Лимитираната колекција прикажана за време на церемонија за прогласување на веста е унисекс и содржи вкупно 9 производи, меѓу кои маици, јакни и суитшрти, брендирани со култните три ленти.
Новиот проект и производите од него ќе бидат достапни преку “Pop-truck – камион, кој ќе биде отворен во големите градови како Лондон и Токио, нудејќи ги модните производи … на тркала.
Целосната колекција ќе содржи 84 модели и ќе биде формирана во пролет 2017.
Можете да ги истражувате новите предлози во нашата галерија.