УЈП почнува со присилна наплата за радиодифузна такса

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Истече рокот во кој граѓаните требаше да ги подигнат решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса. На септемвриската листа се најдоа скоро 85.800 граѓани за неплати повеќе од три сметки.  Денеска прeд УЈП и МРТ беше забележана зголемена фрекфентност на граѓани кои побрзаа да побараат информции за присилната наплата, но дел од нив и да го искористат последниот рок за да докажат дека неосновано се под закана за блокада. MTV1(6)
Од Управата за јавни приходи велат дека должниците кои не го направиле тоа ќе бидат објавени во Службен весник по што ќе се смета дека е извршена уредна достава. До три дена по објавата на граѓаните ќе им биде блокирана банкарската сметка.
„Граѓаните кои лично до УЈП доставиле докази, односно документи за платени сметки, нема да бидат опфатени со постапката за присилна наплата.“ – велат Управа за јавни приходи.
Дел од граѓаните велат дека им се наплаќа за веќе платени сметки. Од Македонската радио телевизија велат дека бројката на должници се намалила на 79.000 затоа што дел од граѓаните го искористиле рокот. Вкупниот долг на физички лица за радиодифузна такса изнесува околу 2,3 милиони евра.
„Секое барање доставено од граѓаните во МРТ се решава на дневна основа и ако се доставени сите документи се процесуира и со следната сметка е имплементирано. Ние постапуваме по податоци кои граѓаните ги имаат во лична карта. Кога ќе се утврди дека е направена грешка целиот долг на обврзникот му се стонира.“ – вели Орце Тодоровски, помошник извршен директор на МРТ.
Во земјава има близу 500 илајди обврзници по основ на радиодифузна такса. Додека од една страна се спроведува присилна наплата на долговите од друга страна, радиодифузниот сервис е нацрната листа на УЈП – и тој како должник со доспеани обврски од 1,5 милион евра.  Tв 24 вести