Ќе ја чини ли несвестица на Хилари претседателската фотелја?
Да си политичар е неблагодарна и опасна професија. Власта се отплаќа со здравствени проблеми, семејни кризи, јавна изолација, како сето тоа да биде прикриено под маската на ведрата среќа и врвулица од професионални и лични успеси. Политичарите кои успеваат да заработат поддршка на избирачите, обично се здрави, весели, издржливи и во одлична форма, без оглед на возраста. Колку често сепак овој лик далеку не одговара на реалноста, се виде од случката со несвестица на Хилари Клинтон. Кандидатката за претседател за кратко се предаде на болеста и се онесвести за време на предизборна турнеја што веднаш стана светска вест број еден.

Берзите во САД заиграа во тон со нејзиниот кардиограм, а фабриката за гласини проработи со полна брзина. Хилари има Паркинсонова, Хилари умира од рак, Хилари е наркоманка, до Хилари умрела одамна и сето тоа е само фејк (лажно ) – Какви ли не апсурди ја обиколија светската мрежа уште пред Клинтон да го проголта антибиотикот, препишан против вирусната пневмонија – официјалната верзија за болеста која и донесе несвестица. За жал, за еден политичар денес е повеќе важно да е видливо физички здрав отколку морално и психички. Физичката сила пред интелектуалната.
Дека физичките недостатоци и здравствените проблеми не пречат на еден политичар да е генијален во својата работа, а спортската форма далеку не е гаранција за брз ум, може да се види и по два други примери.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и конкурентот на Хилари за претседателската функција – Доналд Трамп. Шојбле е врзан за инвалидска количка по напад и често е мачен од силни болки. Тоа донекаде го објаснува познатото негово лошо расположение и зајадливи забелешки, но Шојбле е еден од најдобрите финансиери во Европа и благодарение најмногу на него Германија е финансиската сила која е. Во исто време, исклучителната спортска форма на Доналд Трамп, како што знаеме, не е индикација за којзнае каков интелектуален потенцијал. Но публиката е подготвена да проголта кофа со глупави реплики отколку една висока температура. За тоа се свесни повеќето претходници на Трамп и Хилари.
Џон Кенеди пример останал во главите на луѓето во целиот свет и до денес како прекрасниот, насмеани и бликачки од здравје плејбој претседател. Всушност тој страдал од астма, тешки ортопедски проблеми и бубрежна инсуфициенција. Поради бубрезие мораше да влегува десетици пати во болница, но тоа е чувано во тајност.
“Ако Американците знаеја колку болен е Кенеди, тој никогаш не би станал претседател”, пишува негов биограф подоцна. Зошто е тоа така? Според психолозите избирачите очекуваат од своите политички претставници огромна психичка издржливост, за да заговараат и да ги штитат нивните интереси дури и во повеќето невозможни ситуации. Но психичката издржливост не може да се дешифрира по лицето и прошетка за разлика од физичката. Всушност издржувањето со години на силен стрес и високата самоконтрола, која се бара од политичарите, се спротивни на здрав начин на живот и креативност.
Политичарите често умираат од инфакт, мозочен удар или рак. Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит имал над 100 несвестица за време на својот мандат, но за ниту еден од нив не се знае јавно. Во општеството тој продолжува да е железен политичар кој води успешна борба против тероризмот на фракцијата “Црвена армија”.
Ангела Меркел пак одамна ги восхитува дури и колегите со необична издржливост – таа е во состојба да работи речиси една недела, без да спие, да управува неколку кризи истовремено. За времето во кое е на власт, таа има само една несвестица и еден истегнување на глуждот, што ја става во првите редови на повеќето здравите политичари. Притоа во Европа очекувањата од владејачките се малку почовечки отколку во Америка.
Уморните политичари …
Европејците пример немаат ништо против некои слабости на нивните лидери. Најдобро се согледува страста кон чашката, таа дури е задолжителна во одредени региони во кои пивоварството или винарството се традиционален живот. За разлика од Европа во САД власт се обврзани да бидат целосно транспарентни пред избирачите .
За да ги убедат во прекрасна форма, американските претседатели редовно покажуваат вистински спортски мајстории. Обама игра кошарка како шампион, Клинтон трчаше утро со таква посветеност што го збркана обезбедувањето, кое едвај го стигна, Буш играше безбол . Секоја вест за лошо претседателско здравје станува информација од кобна за земјата важност. Така беше и по инцидентот со Џорџ Буш во 1992 година, кога тој се онесвести на официјална вечера во Јапонија. Американците сепак брзо му ја простија оваа манифестација на слабост, а му беше простено и јавното признание дека е поранешен алкохоличар. Дали ќе простат и на Хилари? Жените во политиката дефинитивно уживаат далеку помалку компромиси. Клинтон може да направи референца со Меркел – на канцеларката и требаа децении, за да се претвори од “девојката на Кол” во железната германска лејди. Колку што е напишано за нејзиниот брак, недостатокот на деца, фризурата, костимите и деколтето , не се што е напишано за друг нејзин колега. Освен, се разбира, за самата Хилари. На неа исто и одзеде многу време за да го одврати вниманието од неадекватната фризури кон својата работа како сенатор. Сега нејзините постигнувања ќе бидат затемнети од несвестица во Њујорк. Ќе ја чини шанса да стане првата жена – претседател во САД.