Ви претставуваме нова, суперлуксузна вила во Боцвана, која се вика “Sandibe Okavango Safari Lodge”.
Таа се наоѓа на навистина убаво, оддалечено место во срцето на делтата на Окаванго – место кое е на листата на УНЕСКО за светско и културно наследство.
Вилата се наоѓа меѓу дивината, е дизајнирана од врвните архитекти со бројни награди – Николас Пломан и Михаелис Бојд.
Поради заштитениот статус на земјата, градежништвото во регионот беше голем предизвик и треба да одговара на повеќе строги барања.
Сè во зградата требало да биде изградено од биоразградливи материјали направени од флората и фауната. 70 отсто од енергијата требало да доаѓа од обновливи извори.
Заоблената главна зграда е создадена од прекумерно ламинирани борови греди, канадски кедар, еукалиптус и друго дрво.
Инаку хотелот кој личи на животното армадило, располага со 24 легла, со луксузни бањи и нуди храна, карактеристична за најдобрите хотели во светот.
Архитектите избираат да ја направат вилата како армадило поради неговата срамежлива, нестварна и целосно безопасна природа.
Видете слики на уникатната вила во галеријата.