Благодарение на напорите за збогатување ураниум и на достапните резерви од плутониум Северна Кореја ќе има до крајот на оваа година материјал доволен за изработка на околу 20 нуклеарни бомби. Ова го покажуваат нови проценки на оружје експерти, цитирани од агенциите.

Според нив Пјонгјанг, кој досега извршил пет нуклеарни обиди, најверојатно се подготвува за шести, располага со изобилни количества ураниум и повеќе од една деценија работи на проект за збогатување до ниво за воени цели.

Според зборовите на Зигфирд Хекер, водечки специјалист за нуклеарните програми на Северна Кореја, режимот таму се здобива секоја година најверојатно со по 150 килограми високо збогатен ураниум. Ова количество е доволно за шест атомски бомби. Ако се додадат и резервите на Пјонгјанг од плутониум – меѓу 32 и 54 килограми, тоа се доаѓа за правење на вкупно 20 нуклеарни бомби, пишува Хекер во извештајот на веб 38north.org.