Шеќерно лоби потплатило научници да влијаат на познато истражување за шеќерните болести

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Влијателни научници добиле пари од шеќерно лоби, за да ја минимизираат улогата на шеќерот при здобивање срцеви болести во познат свој извештај од 60-тите, покажуваат новопубликувани податоци, цитирани од “Гардијан”.5063647

Истражувачите, поддржани од шеќерната индустрија, ги  посочиле прехранбените масти како главна причина за коронарна болест на срцето, наместо шеќер.

Иако извештајот е стар повеќе од 50 години, неговиот пример ја покажува битката која се води во прехранбената индустрија, обидувајќи се да се спротивстави на негативните ефекти од прекумерниот шеќер, посочува весникот. Откритијата доаѓаат врз основа на документи, неодамна откриени од научник на Универзитетот во Сан Франциско, според кој меѓународната Шеќерна асоцијација позната тогаш како Фондацијата за истражување на шеќерот (ФИЗ) платила на експерти во 1967 година да направат преглед на медицинската литература на тема улогата на шеќерот кај срцевите болести.

ФИЗ го извршила истражувањето, кое подоцна било објавено во англиски медицински журнал, кој тогаш немал барање за конфликт на интереси при составувањето на студиите. Тројцата научници од Харвард кои ја извршиле анализата, добиле суми еквивалентни на сегашните 50 000 долари од својата работа за ФИЗ.

Според коментар на Марион Нестле објавен заедно со откритијата за фалсификување студија, прехранбената индустрија продолжува да влијае врз науките за исхраната.

“Денес е речиси невозможно да го следиме опсегот на тоа кои хранливи компании спонзорираат студии – од производителите на поголемиот дел процесуирана храна, пијалаци и адитиви до производителите на млечни производи, месо, овошје и ореви, обично се дава пат на резултатите во полза на интересите на спонзорот “, посочува Нестле.

“Спонзорството на прехранбените компании, намерно или неманипулативно, ја поткопува довербата на јавноста во науките за јадење, придонесува за забуна на јавноста за тоа што да јадат”, додаде таа.

Во соопштението Шеќерната асоцијација посочи дека ФИЗ требало да изврши поголема транспарентност при изготвувањето на своето истражување, но исто така ги обвини авторите на новите откритија во потрага по сензационност.