Британски пратеници го критикуваа извештајот за одлуката на Камерон за интервенција во Либија

од Vladimir Zorba
77 прегледи

zx450y250_2782030

Британската воена интервенција во Либија во 2011 година била базирана на погрешни разузнавачки анализи и проценки и ги забрза политичкиот и економскиот колапс на земјата, се вели во извештај на британски парламентарци, цитиран од светските агенции и медиуми.

Комисијата за надворешни работи во Домот на општините открила неколку грешки во процесот на донесување одлуки, кој го довел Лондон до воената интервенција заедно со Франција во Либија во 2011 година. Официјалниот мотив на оваа интервенција беше заштитата на цивилите, потиснати од диктаторот Моамер Гадафи.

Владата не можела да ја провери фактичката закана што режимот на Гадафи претставувал за цивилите. Владата ги презела буквално, по еден изборен начин некои елементи од реториката на Гадафи. Владата не успеала да идентификува радикалните исламистички групи меѓу бунтовниците во Либија, се вели во документот.

Стратегијата на Велика Британија се базираше на погрешни постулати, на делумна анализа на доказите дополнуваат пратениците во извештајот.

Според Криспин Блант, претседател на комисијата, Владата на Дејвид Камерон можеше да оддаде приоритет на други варијанти кои би довеле до подобри резултати.

Политичките ангажмани можеа да дозволат заштита на цивилното население, промената и реформирањето на режимот, и како тоа ќе стане помала цена како за Велика Британија, така и за Либија, вели Блант.

Британија немаше да загуби ништо, ако беше по овој пат, наместо да се фокусира исклучиво на промената на режимот преку воени средства, дополнува Блант.

Според него Камерон би требало да предвиди дали радикалните исламисти ќе се обидат да го искористат бунтот, смета уште комисијата. Според неа нема индикации дека природата на бунтот беше правилно анализиран од Лондон.

Дејвид Камерон е затоа крајниот одговорен за неуспехот на развојот на една јасна и кохерентна стратегија за Либија, сметаат авторите на извештајот.

Поранешниот премиер не сведочи пред комисијата, со образложение дека програмата му била задолжена. Сведочеа поранешниот министер за одбрана Лијам Фокс, поранешниот министер за надворешни работи Вилијам Хејг и поранешниот премиер Тони Блер. Тој рече пред комисијата дека во февруари 2011 година зборувал по телефон со Гадафи, за да се обиде да го убеди да ја напушти власта.

Немаме инцикации дека Камерон се обидел да ги користи контактите на Блер, вели комисијата.

Пет години по падот на режимот на Гадафи, хаосот продолжува да владее во Либија, една богата со нафта земја. Таму владата на националното согласност, поддржана од ОН, не може да зацврсти својата власт од март наваму. Овие денови силите на непризнаената либиска влада, што заседава во источна Либија, ги освоија четирите големи нафтени терминали во земјата, кои се дел од т.н. Нафтена полумесечина. Тие се сместени помеѓу Бенгази и Сирт, град од кој силите на владата на националното согласност се обидуваат четири месеци да ја истераат организацијата “Исламска држава”.