Многу мажи доживуваат непријатности да ѝ ги признаат на партнерката работите кои сакаат да ѝ ги кажат за сексот. Кај некои дури оваа акумулација на напон од фрустрација и недостаток на разбирање ја расипува врската.
Кога станува збор за тајни, жените се кралици во тоа. Но, и мажите имаат свои желби. Многу од нив би сакале жените да знаат повеќе за машката сексуалност без да ги обвинуваат своите партнери.
Што мажите би сакале жените да знаат за сексот?
Не сите мажи фантазираат за тројка
Според повеќето жени една од најскриените фантазии на мажите е тројката. Всушност тоа не е така. Доста мажи признаваат дека не би учествувале во тројка или барем не со жената во која се вистински вљубени. Но, тоа не ги спречува да зборуваат за тројки. Партнерката не треба да се чувствува потиснато од тој факт.
За да го возбудите партнерот, дами, можете едноставно да му шепотите разни валкани приказни поврзани со фантазиите за уште една жена во кревет. Ова ќе заврши доста добра работа.
Не го земајте порното како лична навреда
Жените кои ги фатиле мажите да гледаат порно обично се чувствуваат бескрајно навредени од овој факт. Тие почнуваат да веруваат дека мажите не се задоволни од сексот во врската. Ја бараат вината во себе и се чувствуваат несигурни.
Всушност порното е дел од машката природа. Тоа нема никаква врска со задоволеността на мажот во врската. Колку и добро да се чувствуваат со вас мажите, тие нема да престанат да гледаат порно. Навикнете се на таа мисла.
Бидете отворени да пробате нови работи
Еден од најпознатите уништувачи на машката потенција работи е монотонијата. Затоа секој маж би сакал жените да знаат колку е важна разновидноста и преземањето на различни предизвици во кревет. За мажите тоа е еден од најмоќните афродизијаци – да знаат дека нивната партнерка е подготвена да проба нови работи со нив.
Правете секс почесто
Обично жените се оние кои имаат тенденција да одбиваат љубовни милувања , а не мажите. Мажите се речиси секогаш подготвени за тоа. Едноставно е во природата. Затоа би сакале жените да знаат колку е важно тоа за нив.
Говорете им што не прават како што треба
Ако го направите без да влијае на машкото его, мажите немаат ништо против тоа да ги наведете. За еден маж е вистински важно да го задоволи партнерот квалитативно. Затоа добивањето на основна критика и пофалби е многу важно за нив.
Понекогаш ерекцијата не е на ниво
Еден од најголемите стравови на мажите е да не ја изгубат ерекцијата токму пред најважниот момент. Секој маж би сакал жените да знаат дека тоа не е крај на светот. Се случува понекогаш и не значи задолжително дека партнерот има проблем со ерекцијата. Малку разбирање во овој случај не би се одразил воопшто лошо.
Има и други ерогени зони, освен пенисот
Честа грешка кај жените е да се фокусираат на пенисот за време на љубовната игра. Мажите имаат повеќе ерогени зони. За некои дури стимулацијата на овие зони е попријатна од стимулацијата на пенисот. Поиграјте си со телото на партнерите, дами! Може да најдете многу интересни и неостварени досега реакции од својот партнер.