Блескави тиркизни води, бел песок, нереални гребени – Сите знаеме дека на Малдивите се наоѓаат едни од најпознатите прекрасни идилични одморалишта во светот.
Во рамките на оваа островска група, опишувана како рај за туристите, има стотици луксузни хотели, расфрлани низ многуте идилични бисери на земјата. Сите тие нудат уникатен престој и можност за незаборавен одмор.
Сепак постојат и неколку поимпресивни одморалишта од другите, иако повеќето од нив се отвфорени релативно скоро.
Меѓу најбајковидните хотели е ” Four Season Voavah “, кој се наоѓа на мал приватен остров и ќе биде отворен во декември оваа година.
Втората супер барана опција на Малдивите е вилата ” Cheval Blanc Randheli” , која беше отворена на почетокот од оваа година.
Цените на оваа дизајнерска вила сместена на лагуната Noonu, почнуваат од 1638 долари за една ноќ.
Третиот импресивен хотел е ” Six Senses Laamu “, како тој е познат по своите бањи, карактеристични за заливот Laamu.
Хотелот нуди сурфање, сурфање на ветер, скијање на вода, ајурведски терапии, велнес програми и т.н.
Следниот хотел кој заслужува внимание е ” Per Aquum Huvafen Fushi “, како што тој се наоѓа на северно Мале.
Уникатното во ова одморалиште е дека има подводен спа центар во кој ќе можете да се дивите на подводниот живот, додека ужива на масажите.
Вилите ” Anantara Kihavah ” исто така се апсолутно уникатни и се една од најомилените дестинации за меден месец на младенците со поголеми финансиски можности.
Идиличниот комплекс ” One & Only Reethi Rah ” се наоѓа на еден од најголемите острови на Малдивите, има плажи од 6 км и е омилено место за семејствата со мали деца.
Импресивниот хотел ” Como Cocoa Island “, пак, е идеално место ако падне за нуркањето. Хотелот има единствен холистички центар, а цените на вечер почнуваат од 1000 американски долари.
Хотелот ” Shangri-La Villingili Resort and Spa ” пак е познат по своите водни спортови, ноќен риболов и голф со уникатен поглед кон кристално сината вода. Цените на вилите тука почнуваат од 640 долари на вечер.
Зимскиот ” Gili Lankanfushi Resort ” пак неодамна го доби признанието за најдобар хотел во светот на наградите “TripAdvisor Awards 2015″.
Последниот хотел во списокот е ” St Regis Resort Vommuli “, кој ги отвора вратите за туристи на 1 ноември.
Зимскиот е лоциран на приватен остров на Атол Dhaalu и ќе нуди 77 прекрасни апартмани со прекрасен поглед на морето и плажата. Цените им ќе почнуваат од 2011 американски долари на вечер.
Видете слики на одморалиштата во галеријата.