Американскиот Конгрес се изјасни: НЕ за помилување на Сноуден!

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Тој не е „свиркач “туку незадоволен службеник, тоа е побудата за предавството

сноуден

 

 Комитетот на Претставничкиот дом на Конгресот го објави заклучокот од својата двегодишна истрага за случајот Сноуден, јавува Асошиејтед прес. Во извештајот на три страници, комитетот заклучил дека, спротивно на тоа што Сноуден себеси се претставува како свиркач (whistleblower), извештајот утврдил дека тој е „незадоволен службеник кој имал чести конфликти со своите претпоставени“.

Извештајот е објавен во момент кога Сноуден, кој живее во Русија, бара помилување од американскиот претседател Барак Обама бидејќи, како што тврди, ѝ помогнал на својата земја обелоденувајќи ги тајните програми за домашен надзор, следење и прислушување.

Активностите на Сноуден предизвикаа објавување информации за милиони снимани телефонски разговори на Американци кои ги прислушувала НСА.