Сопружници од американската држава Њујорк си направија гигантски кревет во кој спијат со 8-те кучиња, пишува британскиот весник “Индипендент”.
Крис и Марис Хјугс го создадоа проектот The Mr Mo Project, за да им помагаат на постарите кучиња од засолништата да најдат стопани. Тие си зеле 8 такви кучиња и спијат заедно со нив во новата одаја.
На крајот има дури и скалички, за да можат кучињата сами да се качат на креветот. За новиот кревет на нив им требаат два душека. Сликите на конструкцијата семејството ги покажа Фејсбук.
Во јули канадската фотографка Елизабет Спенс направи серија од фотографии со бебе и куче кои спијат прегрнати. Кучето беше донесено од засолниште. Кадрите во Инстаграм, каде жената ги прикачи сликите се видени од 50 000 луѓе.
