Откритие: Селфито ги прави луѓето среќни

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Селфито со насмевки го подобрува расположението, а и е корисно да ги споделувате со пријателите направените слики.5070170 До овој заклучок дошле истражувачите од Калифорнискиот универзитет. Во истражувањето учествуваа 28 студентки и 13 студенти, раскажува The Siasat Daily.

За време на едномесечното истражување волонтерите го живееја вообичаениот живот – одеа на предавања и вежби, ги извршуваа домашните обврски, се среќаваа и со пријателите. На смартфоните им беа монтирани различни апликации за селфи и запишување на расположението.

Учесниците беа поделени во три групи. Од првата група беше побарано да прави селфи со насмевка на лицето, втората да го снима она што ги прави среќни, а третата – да го снима она што може да му се допадне на друг човек (последователно сликата му била испратена).

Анализирајќи околу 2900 записи, експертите откриле дека расположението на сите волонтери се подобрило. Учесниците од првата група се чувствувале посигурни во себе по истражувањето. Волонтерите од втората група повеќе размислувале и почнале да ценат многу повеќе работи. А, учениците од третата група станале помирни. Тие исто така истакнаа дека фотографиите со пријатели и роднини им помагале да го соборат стресот.