Кои се најсексапилните професии?

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Ако еден маж мисли дека неговата работа му го уништува љубовниот живот, причината не е дека не станал модел заради недостаток на физички квалитети, туку дека не е завршил право. Токму правниците ја водат листата за најсексапилните машки професии, објави  “Дејли мејл”.1b410ab22d8883b25430a5ca810ab45a

Правничките сепак не ги возбудуваат толку машките фантазии. Женската листа ја раководи учителката. Следат заболекарките, логопедите, внатрешни архитектки, организаторките на настани. Правничките се на шестото место.

Традиционално сметаните сексапилни женски професии – на манекенките и стјуардесите, ги заземаат само 14-то и 15-то место – последните на листата. Пред нив се психолозите и музичарките.

Во средината се личните тренери и медицинските сестри. Новинарките се на 10-то место. Актерките воопшто не спаѓаат во рангирањето.

Кај мажите на второ место се актерите, на трето – креативните директори. Авионските стјуарди се на четврто место, а на петто – новинарите. На последно место на листата се готвачите.

Моделите и кај мажите се на претпоследното 14-то место. Архитектите се на 7-то место, а наставниците се на 9-то. Лекарите се едвај на 10-то место.

Рангирањето е направено според податоците од сајтот за средби Тиндер кој е најпопуларниот во Велика Британија.