Мафијашко менаџирање

од desk3
149 прегледи

 

 

Економист – Лондон

Најлесен начин да ги разбудите гостите кои задремале на вечера е да ги прашате која е за нив надобрата криминална телевизиска серија. Дали е тоа „Жица“ (“The Wire”), со иритантното портретирање на подземниот свет во Балтимор? Или „Сопранови“? Или можеби „Breaking bad“? Сега има нов натпреварувач за наградата. „Гомора“ („Gomorrah“) е драма за неколку италијански банди познати како Камора, кои владеат со нивната криминална империја од Неапол.

download

„Гомора“ е најозборуваната италијанска телевизиска серија уште од нејзиното прво емитување пред две години. Продадена е за емитување во над 50 држави, а првата епизода неодамна ја имаше својата премиера на американската телевизија Санденс. Серијата е далеку помрачна од претходните три спомнати. Гангстерите не се монструми кои може да ги засакате, како што е на пример Тони Сопрано, тие се само монструми. Серијата е пореалистична. Авторот на книгата по која е направена серијата, Роберто Савиано, е во бегство и се крие откако Камора издаде смртна пресуда против него во 2006 година. Снимањето на серијата во сомнителните наполски маала било прекинувано заради локални насилства.

Едно од највпечатливите нешта во врска со Камора е колку се тие добри во водењето бизнис. Тие го зазедоа местото на Сицилијанската мафија како најнапреден мафијашки синдикат, делумно со помош на потегот на италијанската држава да стави крај на Коза ностра од 90-ите. Стратегијата на Камора се фокусира на дроги, посебно кокаин, и тоа се исплатеше. Оваа организација со голем дел од европскиот нарко бзинис, вклучувајќи го и најголемиот отворен нарко пазар на континентот во Секондиљано, на североисток од Неапол.

Се чини дека синдикатот е организиран како типична корпорација, со пирамидални нивоа на моќ. Постои врвот од постари менаџери, кои ја одредуваат стратегијата и наоѓаат ресурси; второто ниво на средни менаџери кои набавуваат и ги обработуваат продуктите; трето ниво на шефови за продажба кои ја координираат дистрибуцијата; и четврт степен на улични продавачи кои ја доставуваат стоката директно до потрошувачите. Организацијата ги користи сите методи на менаџирање во ланецот на достава. Водачите пронаоѓаат дроги од сите делови од светот (кокаин од Латинска Америка, хероин од Авганиистан и хашиш од северна Африка) и обезбедуваат алтернативи доколку дојде до прекин на изворот.

Тие некои нешта ги изведуваат извонредно добро. Бидејќи функционираат надвор од италијанскиот систем за сопирање на растот преку труд, Камора си имаат свој систем. Лабавиот сојуз се состои од 115 банди, со околу 500 членови секоја и бројни други сојузници, па тие можат брзо да се оформат како работна сила без разлика на големината која е потребна, или да се свртат од една линија на бизнис во друга, додека трепнеш со окото. Тие се најдобри кога станува збор на обнова на таленти и идеи. Тога закоравените менаџери ќе се дрзнат да се појават на нови пазари, како што направија старите босови на Камора кога се појави дрогата во 80-ите, тие се заменувани со помлада генерација.

Паоло Ди Лауро, поранешен шеф на еден од најмоќните кланови и инспирација за Дон Пјерто во ТВ серијата „Гомора“, е без сомнение еден од најиновативните бизнисмени кои Италија ги дала во последниве години (од 2005, тој е затворен во самица во максимално обезбедуван затвор). Како што ја координираше трговијата на дрога со Колумбија, тој го создаде и успешниот систем за франшиза на организацијата, со кој дистрибутерите се третираат како франшизи кои се одговорни за својот двор, наместо да се само вработени. Тоа им дава иницијативност да регрутираат повеќе луѓе, како и да свртат повеќе продукти.

Камора го врти својот уникатен мотор на основа на стандардните техники за менаџмент. Тие се експерти во создавање на тимови (тим-билдинг). Новите регрути се внесуваат (иницијација) во групата со квази-религиозни церемонии. Ѕвездите во подем добиваат прекари, како Карлучиело о манѓават (малиот Карло кој јаде мачки) или Урпачиело (седло направено од исушен магарешки пенис). Тие се грижат за роднините на работниците кои ќе загинат на задача. Членови на бандите познати по нивната улога како „подморници“, секој петок им доставуваат пари и храна семејствата од каде загинал некој член. Обидите на организацијата за корпоративна социјална одговорност се исплатат. Локалните жители застануваат на страната на гангстерите за време на полициските рации, прават барикади од луѓе, фрлаат отпад кон полицајците и им ги палат полициските автомобили.

Да, токму тоа е корпоративната социјална одговорност која е натопена во крв наместо да се препише и земе вообичаениот сируп. Савиано пресметал дека бандите се одговорни за смртта на 3,600 луѓе помеѓу 1979 година (кога тој се родил) и 2006 (кога ја објавил книгата). Тие се исто така одговорни за се поширокиот круг на економска девастација. Трговијата со дроги кои ги полни нивните куфери, исто така уништува и животи. Неапол, еден од најубавите градови во Италија, би бил поголема туристичка атракција ако не постоеше неговата репутација за насилства и криминал.

Тие се поголеми од американската челична индустрија

И самите членови на Камора плаќаат висока цена. Уличните воини живеат мизерен живот, вообичаено загинуваат, или се повредени или се во затвор пред да достигнат средни години. Оние во врвот се постојано под заштита за да не бидат елиминирани од ривалите или уапсени од полицијата. Многу од нив живеат постојано во тајност, се кријат по поткровја или во подземни комплекси. Бизнисот на Ди Лауро прави обрт од 200 милиони евра годишно, но тој не живее слободно; тој беше издвоен, заштитен со метални решетки и високи порти, а исто требаше годината да ја мине во бегство.

Без разлика на се, синдикатот живее, делумно затоа што наградите се огромни и делумно затоа што алтернативите се толку ретки. Економијата на Италија стагнира повеќе од една деценија. Земјата е рангирана на 45 место од Светска банка на табелата за дуинг-бизнис, а јужна Италија е посебно опасно место за легитимни компании. На 22 август, шефовите на трите најголеми економии во евозоната – Ангела Меркел од Германија, Франсоа Оланд од Франција и Матео Ренци од Италија – се сретнаа на остров крај неаполската обала за да разговараат за започнување на Европски проект. Да се биде успешен, секој таков план мора да олесни за да се создаваат легални бизниси – а тука лежи трикот со оглед на тоа што менаџерската генијалност прикажана во ликовите од Камора е насочена кон креативната страна на креативната деструкција.