Шопингот е омилен на сите дами, особено во слободен ден. Убаво време, чаша од омиленoтo кафе и сме подготвени за нови модни предизвици. Со радост ja споделуваме нашата нова рубрика “Must have”.
Во неа ќе ги видите актуелните модни предлози и идеи за тоа како да се збогати вашиот имиџ. Акцентите сезонава, како и со што може да ги комбинирате.
За есен-зима 2016-2017 бројни модни брендови им нудат на дамите да носат обемни здолништа со висока половина. Ткаенините се различни, боите и дезените исто така. Затоа пополнете ја вашата колекција во гардероба со таков модел кој ќе ви биде најпогоден за комбинирање.
Чевлите во црно-бело со анимал или геометриски фигури исто така ќе бидат актуелни за следните сезони. Ова важи и за чантите со рачки и слични синџири.
Фармерките со скинатата линија или бојфренд модели ќе ги носиме со кошули.
Велур чевли во класичен модел ќе ја завршуваат нашата визија. Во сино, корал, виолетова.
И не на последно место панталоните со цветни мотиви. Чарлстонот се враќа како линија, но вие можете да изберете и такви кои се стеснуваат и стигнуваат до глуждот. Повторно имаме комбинација со велур чевли.
Кога цветните мотиви се во различни бои, секоја од нив може да ја изберете како боја за финиш со додатоци.
Кружните чанти од кожа или лак во светли или пастелни бои, кои потсетуваат на 70-тите, треба да ги имаме.
Слики: facebook Atlantic-Pacific