Крвав триаголник: Пластична хирург нарачал убиство на патолог поради неговата поранешна девојка

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Ривалот бил исчистен за две шипки сребро и кутија кубански пури.

1474196991-hh

Водечкиот американски пластичен хирург Томас Мајкл Диксон изгледал како да имал сè – бил богат и почитуван член на општеството. Само едно нешто му недостасувало – да живее заедно со неговата поранешна девојка Рејчел Шетина и токму тоа го променило неговиот живот наопаку, пренесува “Мирор”.

Докторот од Амарило, Тексас, бил лудо вљубен во русокоса, но таа го напуштила. Потоа таа го продолжила својот живот изапочнала врска со топ патологот Џозеф Сонир, но Диксон бил решен да не ја пушти без борба.

Диксон и Рејчел се запознале во 2008 година, кога таа ја посетила клиниката за пластична хирургија, за да и бидат ставени инјекции со ботокс. Тогаш тој бил женет со три деца, но тоа не му попречило да се врзат. Жена му го напуштила токму заради Рејчел. Двајцата започнале врска, но односот на хирургот кон неговата девојка станува опсесивност.

Во 2011 Рејчел, која имала две деца од претходниот брак, го исфрлила пластичниот хирург. За време на часови по балско танцување таа се запознала со водечкиот патолог Џозеф Сониер. Таа му раскажала на Диксон за својата нова љубов, но тоа кај него отклулило безумна љубомора.

На 11 јули 2012 година трупот на Џозеф Сониер бил откриен во луксузниот дом. Имало само една скршена кутија, но ништо не било отворено. Рејчел на полцијата спомнала за поранешниот, но никој не мислел дека тој може да стои зад тоа, бидејќи тој живеел на стотина милји од нивната куќа.

По неколку дена во полицијата било добиено повик од човек кој открил дека негов пријател му споделил дека извршил убиство во истиот регион. Покажало дека убиецот Дејвид Шепард и Томас Мајкл Диксон биле добри пријатели долго време.

Дејвид Шепард бил поранешен трговец на фармацевтски производи. Тој им раскажал на полицијата приказни за тоа како работел во специјалците, ни ништо од тоа не било верно. Тој е обичен криминалец со обвиненија за кражба.

Прво хирургот го натерал да ја пронајдат жртвата и да ја снимат. Откако поранешниот трговец докажал дека е сигурен, Диксон му платил со три сребрени прачки во вредност од околу 3.000 долари и кутија скапи кубански пури, за да го очисти патологот. Камери го снимиле како ден подоцна се обидува да ги продаде парите.

По убиството Дејвид се почувствувал виновен и се обидел да си ги пресече вените, но потоа се уплашил и отишол кај хирургот кој му зашил раните. Уште на погребот на патолоот синовите на убиениот разбрале дека хирургот е уапсен за гаранција на убиството.

Судската сага започнала во 2014 година. Шепард признал сè и го посочил Диксон како нарачател. Тој дал полни индикации за да ја избегне смртна казна.

Подоцна, сепак, поранешниот трговец нагло ја сменил тактиката. Тој изјавил дека дејствувал целосно сам, а Диксон само го натерал да ја снима жртвата, за да може да го врати Рејчел.

Во октомври 2015 започнал втор процес. Шепард, кој веќе е во затвор на казна доживотен затвор, не бил повикан за сведок. Тоа го направиле негов пријател и неговата ќерка, кои изјавиле дека тој лажел во првиот процес, за да го заштити пластичниот хирург.

Дури сега Диксон е прогласен за нарачател на грозоморното убиство. Тој е осуден на доживотен затвор без право на помилување.