Моделот Ешли Греам ја разгоре модната писта на модната недела во Њујорк, кога се вклучи во претставувањето на колекцијата на брендот Addition Elle. Во јуни раскошниот модел сними жешка фотосесија за брендот.

“Десеттата моја колекција со Addition Elle е една од моите омилени. Нејзината цел е жените да можат да комбинираат долна облека со свои облеки и да се чувствуваат удобно “, откри тогаш Ешли. Убавицата повеќепати вели дека сака да ја натера секоја жена да се чувствува удобно во својата кожа, без разлика каква фигура има.
Бринетата ја прифаќа како лична мисија идејата да ги натера жените во целиот свет да не се срамат од својот изглед и да не се плашат од несовршенството. Неодамна, сепак Ешли беше остро критикувана од свои обожаватели кои ја обвинија дека подлегнала на притисокот на индустријата и почнала да го пропагира слабеењето. Критиките се појавија по објавувањето на снимката, на која заоблената Американка спортува во фитнес сала.