Како да ја “рестартирате“ врската?

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Понекогаш љубовта едноставно се лизга од врската. Партнерите се оддалечуваат секој во своите обврски и секојдневни проблеми. Близината се распаѓа. Следува разделба.ef502fbd77fcecf7df99360b45f62d8bНо, ако се уште мислите дека има надеж, ако љубовта оставила мала дупка , која се уште не сте ја затвориле – отворете ја пошироко! Еве како да ја вратите близината меѓу себе:

Закачкајте се
Нема ништо покохезивно од тоа да се закачате како вљубени тинејџери. Љубовните искри најлесно се детонираат под звуците на смеата, игрите, бркањето, закачки. Така љубовта се враќа најлесно и е чувствувана како никогаш да не ве напуштила.

Допирајте се, не ги кријте чувствата
Допирот е страшно важен за една врска. Особено за жените да бидат допирани нежно надвор сексуалната игра, е од огромно значење. Невиниот допир на рацете, по образите, по косата стануваат гестови кои драстично го намалуваат растојанието и ја враќаат искрата назад меѓу вас.

Спијте поблиску
Сонот е таинство кое нè прави поблиски, особено кога спиеме во една постела. Затоа ако сакате да се заљубите силно повторно како претходно, важно е да се потрудите да спиете поблиску еден до друг, без разлика дали сте ја изгубиле оваа навика.1c5430fb1ff55eacb4990090a26c6382

Одете заедно на одмор
Важно е да одите сами двајцата на одмор. Со пријатели или со децата е сосема поинаку. Така нема да се почувствувате блиски повторно како порано. Важно е да сте сами и да си го подарите целото време на светот.

Заблагодарувајте се
Кажувајте си “благодарам”. Секогаш кога едниот заслужува благодарност е добро да го слушне тоа. Не мислете дека тој си знае по претпоставка, бидејќи тоа не е така. Зборовите се посилни од сè во една врска. Гестовите се исто така важни. Со нив можете да посведочите благодарност не помалку од зборовите.

Правете комплименти
Давајте си пофалби. Покажете дека и вие ја одобрувате неговата личност, надворешност, постапки, мисли. Кога партнерите знаат дека имаат одобрение на другиот, работите одат многу полесно.9996c5b823fc663c803cdcc5ed7c8bec

Правете изненадувања
Изненадувањата ја одржуваат љубовта.  Така ќе си покажете дека повторно мислите еден за друг, дури и кога не сте заедно. Дека за вас е важно да го израдувате другиот и да се види насмевка на неговото лице.

Радувајте се на страстите на партнерот
За да нагласите интерес кон личноста на вашиот партнер е од големо значење да сте заинтересирани за неговите страсти, хобија, омилени активности, интереси. Колку повеќе внимание одделувате на она што го сака, толку повеќе љубовта меѓу вас ќе се враќа. Истото важи и за спротивната страна.

Направете нешто заедно
Ако сакате да ја рестартирате врската препорачливо е да направите нешто заедно. Не е важно што ќе биде точно, најважно е да сте само свои и да сте го направиле апсолутно заедно, а не едниот повеќе, другиот помалку.

Дали ќе е поправка, купување на нов мебел, преземање на некој чекор – не е важно. Обединувањето како целина е важно.