Во Источна Украина има цели региони населени претежно со етнички Руси. Вознемирени ли се тие од украинските власти и постепено поместување на рускиот јазик од секојдневниот живот? Репортажа од Харков на DW.

Огромниот “Плоштад слобода” е украсен со сино-жолти украински знамиња. Таму каде што своевремено се издигнуваше статуата на Ленин, багер отвора место за цветните леи и дрвја. Харков е втор по големина град во Украина.
Пред две и пол години и него само што не го снајде судбината на Донецк и Луганск. Градот е само на 40 километри од границата на Русија и во него се чувствува силно руско влијание. Повеќето од 1,5 милиони жители зборуваат руски во секојдневниот живот. Многу од нив немаат доверба на новото раководство на Киев. Во пролетта на 2014 години беа организирани многу проруски демонстрации. Млади луѓе тогаш ја окупираа зградата на обласниот совет и го подигнаа руското знаме на покривот. Полицијата сепак ги растера и ја ослободи зградата.
Уште во тоа време руски политичари и медиуми тврдеа дека на етничките Руси во Украина им се заканува претопување. Ваквите тврдења се слушаат и денес. “Русите и руската култура се предмет на прогон”, изјави во јуни претседателката на Советот на Руската Федерација Валентина Матвиенко, и посочи дека станува збор за ситуацијата во некои поранешни советски републики, меѓу кои и Украина.
Нежно “украинизирање”
Александер Кисилов е еден од оние кои според руските политичари, имаат потреба од заштита. Кабинетот на професорот по социологија во харковскиот Национален универзитет кој гледа кон плоштадот, на кој претходно се наоѓаше споменикот на Ленин. Во 2014 година проукраински активисти ја соборија статуата на шефот на рускиот пролетаријат.

“Ги запечатени со камерата сите фази од демонтажата”, вели Кисилов, но во неговиот глас не се чувствува носталгија, туку љубопитноста на истражувач кој имал ретка можност да биде очевидец на важни историски настани. Кисилов е етнички Русин, роден во блискиот Белгород. Како стотици илјади други Руси, и тој пристигнува во Харков, за да се развива . Во советско време Харков ја имал славата на индустриски и образовен центар.
“Денес овде никој не ги гони ниту Русите ниту руската култура. Никој не те обврзува да зборуваш на украински”, вели социологот. Украинскиот јазик е единствениот официјален јазик во земјата и е задолжителен за високообразовните институции, барем во теорија. “Многу често учениците и професорите сепак неосетно преминуваат на руски”, вели Кисилов со насмевка.
Пократките наставни програми по руски
Повеќето училишта во Харков се украинско-говоречки И нивниот број расте, но има и училишта, во кои се предава на руски јазик. Нивните застапници, ги избегнуваат контактите со медиумите. Една професорка по руски сепак се согласува да разговара со нас и се жали дека часовите по руски јазик и литература се намалени двојно во споредба со едно време. Студиската програма по руска литература исто така бил скратен. “Од наставната програма отпаднаа делата на Пастернак и Бродски. Булгаков пак воопшто не фигурира во планот,” вели таа. Вели дека се соочува со тешкотии и во политичка смисла. “Премислувам по пет пати пред да кажам нешто во училиште. Мојот колешка ме нарече” сепаратистка “, само затоа што предавам руски јазик. При тоа јас добро со и рускиит и украинскиот и немам проблеми во овој поглед”, вели таа.
Во секојдневниот живот на Харков рускиот јазик засега доминира, но украинскиот веќе го надминува. Повеќето стока во супермаркетите се означени само на украински. Емисиите на локалната телевизија исто така се речиси целосно на украински. “Поголемиот дел од украинското население веќе се прилагоди на новата украинска реалност”, вели социологот Кисилов. Проблеми имаат најмногу постарите луѓе, кои пристигнале во Харков во советско време. “Тие не се чувствуваат удобно во денешна Украина, за што улога игра и економскиот пад во последно време. Голем дел од овие луѓе се чувствуваат поврзани претежно со Русија”, вели Кисилов. Според него, десет проценти од жителите на Харков се носталгични по Советскиот Сојуз.

Рускиот е говорниот јазик, украинскиот – писмен
И додека на улиците луѓето зборуваат повеќе на руски, во институциите и канцелариите се наметна украинскиот јазик. Тоа се забележува во Канцеларијата за граѓанса состојба. Сите информации, формулари и брошури се само на украински. “Не е проблем, меѓутоа, ако некој не го владее тој јазик, бидејќи вработените помагаат и ги пополнуваат формуларите директно на украински”, вели шефот на службата Ирина Синицка. Таа вели дека никој досега не се пожалил од употребата на украински јазик. Токму напротив. Млад човек неодамна заминал незадоволен дека една од службеничка зборувала на руски.