За да нема “утка” ! САД во Аљаска ќе вежбаат удари по нуклеарни објекти на Пјонгјанг…

од desk3
75 прегледи

Воздухопловните сили (ВВС) на САД и Јужна Кореја ќе одржат во октомври заеднички воени вежби за уништување на нуклеарните објекти на Северна Кореја, објави весникот “Кори тајмс”.

Според податоците на весникот маневрите ќе се под тајното име Red Flag ( “Црвена знаме”) и ќе се одржат во Аљаска. “Јужнокорејската Влада ќе испрати за маневрите 8 ловци F-15K и два воено-транспортни авиони Ц-130Н. Од американска страна ќе бидат вклучени 50 авиони, по кои F-16 и F-15С”.

download-4
Во текот на маневрите освен нанесување на удари по копнени цели ќе бидат одработени и различни варијанти на воздушна борба. Ќе има и вежби за користење на специјални паметни бомби за уништување на подземните бункери. Во информацијата се додава дека во маневрите исто така може да се вклучат борбени авиони од Нов Зеланд и други земји од НАТО.

Според извор од Министерството за одбрана во Сеул маневрите се своевиден одговор на зголемената воена закана од страна на режимот на Ким Јонг Ун.

download-5

На 5 септември Северна Кореја истрела три балистички ракети “Нодон” во акваторија на Јапонското Море. Тие прелетаа околу 1000 км. и паднаа во исклучителната економска зона на Јапонија. На 9 септември Пјонгјанг го изврши петтиот подземен нуклеарен обид, кој беше најмоќниот во историјата на севернокорејските нуклеарни тестови.