(ГАЛЕРИЈА) Најскапата хотелска соба чие изнајмување е 67 000 долари

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Според листата на специјализираното економскo издание “The Street”, најскапaтa хотелска соба во светот се наоѓа во Европа, скриена во еден од најлуксузните швајцарски хотели.aec4fefc8cbc0d2652259210b24b12fe

Наскоро таа ќе испадне од листата, бидејќи ентузијастички архитекти одамна сонуваат да изградат одморалишта на природниот  сателит – месечината. Но дотогаш …

Пет-ѕвездениот хотел “Претседател Вилсон”, кој се наоѓа на самиот брег на Женевското Езеро, е горд носител на најлуксузната соба за изнајмување во светот, добитник на наградата за најдобра хотелска соба, врачена за време на Меѓународните туристички награди.

Цената е 67 000 долари на вечер. Просторот е единствен и го носи називот “Царски пентхаус”. Се наоѓа на последните 8-ми и 9-ти кат на луксузниот хотел и им нуди на гостите вистински кралски престој, кој за жал не е за џебот на секој … Како што веќе сте информирани, ноќевањето е по цена на барем двособен стан во Скопје.

Царскиот пентхаус располага со површина од 1 680 квадратни метри, во кои се изградени 12 луксузни спални, 12 мермерни бањи, 2 гардероби, џакузи, парна бања, билијард сала, библиотека, трпезарија, тераса со инспиративни погледи кон Женевското Езеро и Швајцарските Алпи и што ли уште не.

Собите се опремени со мебел од висока класа, претежно од масивно дрво, полускапоцени камења (оникс) и метаморфни карпи (мермер). Во внатрешниот дизајн се среќаваат скриени и очигледни телевизори – некои се зад огледалата, други пак врз ѕидовите. Пентхаусот може да се пофали со најголемиот телевизиски екран во светот, чиј распон е со ширина 2,62 метри. Звукот на овој музички инструмент се смета за магичен.

Турнејата во аристократскиот пентхаус продолжува со библиотеката, која е наполнета со антички книги, скапи уметнички ликовни дела и применета уметност.

“Царскиот пентхаус” не страда од никакви неуспеси. Тој им нуди на платежно-способните гости и личен фитнес центар, а оклопните стакла и панични копчиња гарантираат за одличниот квалитет на нивната безбедност. Единствениот начин да влезете внатре е во тајниот лифт што води до мермерното предворје на “царски пентхаус”.

Што е толку чини 67 000 долари на вечер, видете во нашата галерија.