За женетите луѓе погодени од дијабетес тип 2, е помалку веројатно да имаат прекумерна тежина во споредба со неженетите кои страдаат од истата болест, покажува новото истражување, цитирано од УПИ.
Научниците утврдиле уште дека мажите кои страдаат од дијабетес тип 2, а кои живеат заедно со сопругите, е помалку веројатно да бидат погодени од метаболичен синдром – комбинација на фактори, вклучувајќи висок крвен притисок и високо ниво на шеќер во крвта, кои го зголемуваат ризикот од срцеви болести и мозочен удар.
За целите на истражувањето јапонски научници проучувале медицински податоци за 270 пациенти погодени од дијабетес тип 2, за периодот 2010 – 2016 година. Тоа опфатило 180 брачни пациенти – 109 мажи и 71 жена, кои живеат заедно со партнерот, и 90 неженети пациенти – 46 мажи и 44 жени.
Женетите имале помал индекс на телесна маса – 24,5 во споредба со неженетите – 26,5. Женетите освен тоа имале пониски нивоа на гликолизираниот хемоглобин HbA1c – 7 проценти, а 7,3 проценти за неженетите. Женетите имале исто пониски нивоа на метаболниот синдром во споредба со неженетите.
Откако биле земени предвид фактори како возраста и полот на учесниците, било констатирано дека за женетите е за 50 отсто помала веројатноста да се со прекумерна тежина.
За женетите мажи ризикот од метаболичен синдром е со 56 отсто помал отколку за неженетите. Што се однесува до овој ризик, слична врска меѓу жените сепак не била откриена. Истражувањето е извршено од страна на д-р Јошинобу Конде и неговите колеги од Медицинскиот институт на Универзитетот во Јокохама и Општинската болница во Чигасаки. Резултатите беа претставени на конференција на Европската асоцијација за истражување на дијабетес во Минхен, Германија.