(ГАЛЕРИЈА) Провинцискиот дворец на актерот Мајкл Џеј Фокс

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Мајкл Џеј Фокс добива широка популарност во Холивуд, откако учествува во лентата “Враќање во иднината”. Таму 23-годишниот актер ја игра улогата на незаборавниот Марти МакФлај кој лета низ времето заедно со  докторот Емет Браун, кој создал автомобил за патување во иднината.

65th Annual Primetime Emmy Awards held at the Nokia Theatre L.A. Featuring: Michael J. Fox,Tracy Pollan Where: Los Angeles, California, United States When: 22 Sep 2013 Credit: Adriana M. Barraza/WENN.com

Мајкл е носител на куп награди, меѓу кои три “Еми” и три “Златен глобус”. Името му блеска и на холивудскиот Булевар на славните.

Во 1988 година Фокс се жени за убавицата од телевизијата Трејси Полан. Двајцата имаат среќен брак и 4 палави деца.4e9c703161a4d0599ffb8599d9403922

Во средината на 90-тите Мајкл Фокс е дијагностициран со ран стадиум на Паркинсонова. Во исто време (1997) завршува изградбата на семејниот ранч во шумите на Конектикат, сличен на провинциски имот. Не е сигурно каква сума платиле Трејси и Мајкл за ранчот, но по груби пресметки оставиле барем 3 милиони долари.

Вкупната површина на имотот изнесува 292 декари. Низ овој колосален приватен терен ќе уживате во просечно по големина природно езеро, илјадници дрвја и куќа за деца како од Дивиот Запад. Да поседуваш сличен имот е како да имаш сопствен мини парк од чудата на светот. Изгледа сепак семејниот пар се презаситил од овие чуда, затоа што пред една недела куќата се појави за продажба за 4,8 милиони долари.

Куќата располага со просторен капацитет од 465 квадратни мерти. Затворената површина е поделена на 6 спални, 5 бањи, семејна дневна соба, официјален секојдневен салон, трпезарија за гости, кујна со семејна трпеза, библиотека, а однадвор прекрасна веранда.

 

Најинтересен дел од зградата е високиот, простран и светол салон. Другото интересно место тука е кујната, омилено место на телевизиската ѕвезда г-ѓа Трејси Полан.

Но, што би била куќата на двајца актери без некаков чуден елемент?

Неговата локација е позната само на семејството. Да кажеме дека е некаде во шумата.

Мистериозниот објект претставува двокатна дрвена куќарка која води во стилот на ерата на Дивиот Запад. Таму внатре нема струја, недостасува секаква техника. Приземјето на куќичката има 3 плетени столчиња колку за неколку луѓе да се соберат. На вториот кат пак чекаат погодни дрвени кревети.

Истражете го ранчот на Мајкл Џеј Фокс во нашата галерија.