Болната вистина: Како порното влијае на сексот во спалната соба?

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Дебатата дали порното води до зависност и е штетно за сексуалниот живот продолжува да се промовира напорно. Некои противници на филмовите за возрасни дури стигнуваат подалеку во “обвинувањата” и тврдат дека тоа провоцира еректилна дисфункција и други болести кои ги спречуваат задоволителните настапи под покривката.b0b5a711541df7f91f2e506847b02486

Како и кај сите други спорови, вистината е некаде во средината, но подобро човек да верува на науката, а не на гласини и “празни епови”.

Еве што велат научниците на темата:

Порното не води до зависност

Истражувања на куп невролози покажуваат дека она што се случува во мозокот при гледањето на порно, не е исто како кај човек со реална зависност од алкохол и дрога, пример. Физичката зависност не се развива, а психички човек лесно може да раскине со оваа навика и желба, под услов да е мотивиран.

Порното не доведува до сексуална агресија

Неодамнешно канадско истражување покажа дека луѓето кои редовно гледаат филмови за возрасни, се поголеми приврзаници на рамноправноста меѓу половите.

Друго американско истражување, пак, тврди дека навивачите на порното се помалку склони кон сексуално насилство.

Филмовите за возрасни не го зголемуваат ризикот од безбеден секс

Во порното многу од актерите не користат заштитни средства и според некои тоа поттикнуваат опасен секс. Германско истражување сепак откри дека љубителите на еротските сцени не се склони да го забораваат кондомот повеќе од оние кои не паѓаат на порното.

Исто така се покажа како мит и тврдењето дека порно манијаците се силно полигамни.

Во поддршка на гледањето на филмови за возрасни истото истражување тврди дека обожавателите на порното се поголеми авантуристи под покривката и се со поголема веројатност да пробаат нови работи.

Порното не води до еректилна дисфункција

Две минатогодишни истражувања, објавени во списанието “Sexual Medicine” докажуваат дека филмовите за возрасни не доведуваат до еректилна дисфункција, ниту до губење на сензитивност во пенисот од прекумерна експлоатација.

А, сепак да не заборавиме дека луѓето се различни и сите фактори им влијаат на специфичен начин. Гледано од овој агол, гледањето на порно може и да има “несакани ефекти” врз некои индивидуи.

Една студија го прокоментира случајот на мажи кои се интровертни и тешки како карактер, бидејќи не трпат туѓо мислење и критика. Кај нив гледањето на тешко порно може да влијае врз перцепцијата и проценката кон понежниот пол и да им ги зајакне сексистичките ставови.

Филмовите за возрасни пак може да доведат стрес на луѓе кои се со премногу висок морал и силно религиозни. При судир со порно кај нив се вклучуваат механизми на самообвинение и самокритичност, кои водат до депресија, нервоза и други ментални состојби.