Модна недела во Њујорк: Вера Ванг

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Има ли друга модна куќа, која е толку поврзана со венчаници, колку Vera Wang?Сигурно одговорот е јасен.eeaa4c854164d57f17f064c95f194729

Ванг е веројатно најпознатата дизајнерка за невестински линии, но тешко дека ќе се погоди тоа, ако не сте запознаени со креативноста и само ја погледнете колекцијата за пролет-лето 2017.

“Ќе го направам само за вас: црна, црна, црно” , изјави таа самата зад сцената на шоуто.

Ванг го отвори шоуто со долга серија јакни како корсети, чија примарна различност доаѓаше од ракавот. Боите во кои беа решени најинтересните модели за ракави, се карактеризираат главно со користење на темнозелена или кафеава.

Колекцијата е создадена главно врз две од водечките трендови – корсети и голи раменици. Другите идеи за пролет-лето 2017 вклучуваат долги здолништа и ракави, кои граничат речиси до колена, експерименти со границите и обемот.

Неколку бели модели прават особен впечаток, како и бисерни везови, кои како да го раскршуваат инаку мрачното расположение на композицијата.

Во сезоната, во која останатите дизајнери вложуваат главно во неон, можеби Ванг успева да даде нешто и за класично ориентираните фанови на модата.

b0c5fbd55dd01a8e052a1fc56fb05393