Најнови модели на воена техника на иранската армија беа прикажани на парада во Техеран. Меѓу нив се ракети “Емад” (модернизирана верзија на “Шахаб-3” со дострел 1650 км) и “Саџил” (2000 км), системи за ПВО, вклучувајќи руски ракетни комплекси С-300, и надградени тенкови “Зулфакар”, пренесе ТАСС.

Парадата се одржа крај мавзолејот на имамот Рухола Хомеини, основачот на Исламската Република Иран. На трибината за почесни гости присуствуваа претставници на воената команда, вклучувајќи на елитниата гарда, како и странски воени аташеа.
Иран традиционално демонстрира најнови примероци на вооружување на 21 септември, на денот на годишнината од почетокот на осумгодишната војна со Ирак од 1980 година. Паралелно се одржа и парада на воени бродови од иранскиот морнарица во пристаниште Бендер Абас на брегот на Персискиот залив.
За време на парадата началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили Мохамад Хосеин го коментираше договорот вреден 38 милијарди долари меѓу САД и Израел за безбедност за десет годишен период, потпишан неодамна, пренесоа американските медиуми.
Тој рече дека поради оваа трансакција Иран е “уште повеќе решен да ги зајакне одбранбените сили на земјата”.