(ВИДЕО) Тандемот Рибери и Робен повторно моќен

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Славниот тандем, Франк Рибери и Арјан Робен, повторно беа во тимот на германскиот првак Баерн. Како на резултат на тоа и двајцата се запишаа во листата на стрелци во победата над Херта, информира sportmedia.mk.

102017-ro-ri-povtorno-gi-trese-mrezhite-za-baern

Шампионот Баерн Минхен продолжува со позитивниот ефект во Бундеслигата, откако на свој терен лесно со 3:0 ја победи Херта од Берлин.  За Баерн Минхен ова беше четврта победа во 4. коло и останува лидер. Ветераните Франк Ривери и Арјан Робен, како во нивните најдобри времиња, беа главни на „Алијанц Арена“.

Рибери погоди за 1:0 и тоа откако направи „слалом“ низ гостинската одбрана во првото полувреме. Робен во свој стил даде гол во второто полувреме за 3:0 и убедлив триумф на домаќините.

РЕЗУЛТАТИ

Баерн – Херта 3:0

Рибери 16′, Алкантара 68′, Робен 72′

Вердер – Мајнц 1:2

Хајровиќ 12′ – Мали 87′, Де Бласис 90+2′

Баер Л. – Аугзбург 0:0

Лајпциг – Борусија М. 1:1

Вернер 6′ – Џонсон 84′

Шалке – Келн 1:3

Хунтелар 36′ – Осако 38′, Модесте 77′, Золер 84′

ТАБЕЛА: Баерн 12 бода; Келн 10; Дортмунд 9; Ајнтрахт 9; Херта 9.

https://youtu.be/dlh11lZZMa4