Поранешната ГДР се претвора во “кафеава територија”

од Vladimir Zorba
65 прегледи

 

zx450y250_2831657
Најпосле ги нарекуваат работите со вистинските имиња: извештај на германската влада признава сосема недвосмислено дека во Источна Германија има силна десничарско-екстремистичка закана. Зошто го сфатија дури сега, прашува Јенс Турау од “Дојче Веле” во коментар под наслов “Најпосле ја рекоа вистината за Источна Германија”.

Такво нешто не се случило досега: извештајот на германската Влада за развојот на провинциите кои се наоѓаат на територијата на поранешната ГДР, е невообичаено категоричен и недвосмислен. Во него се зборува за сериозна закана, која произлегува од десничарско-екстремистичка структури. Се зборува за опасноста на цели градови и села кои се претворат во “кафеава територија”. Се зборува за огромните ризици со кои се соочува Источна Германија.

А Ирис Глајке, претставничка на германската влада за прашањата на источните провинции, отворено признава дека за време на посети во странство, на пример во САД, често ја прашуваат дали е мудро да се инвестира во источните германски покраини со оглед на тамошните расположенија против странците. Глајке не го прикрива тоа: овие грижи се за жал делумно оправдани.

Колку кафеав е Истокот?

Цели 26 години по обединувањето на Германија источните провинции се уште имаат многу да се израмнат: економијата заостанува, многу млади луѓе го напуштаат регионот, на исток речиси нема централи на големи германски концерни, невработеноста е повисока отколку на запад, безперспективността – е иста. Но, токму тоа е опис на животот во источните провинции предолго беше користено како единствено објаснување за силниот десен екстремизам во овој дел на земјата.

Премногу долго проблемот беше стацан под тепих. Да се потсетиме само за легендарната фраза на поранешниот премиер на Саксонија Курт Биденкопф од ХДС дека неговата провинција била “имуна на десниот екстремизам”. Други политичари пак зборуваа општо дека имало проблем со екстремно десничарскоо, но се споменуваат и крајно лево како источните германски покраини кои навистина имаат сериозен проблем со таакви левоекстремистички сили.

Извештајот на германската влада вели јасно и категорично: таму каде што се стигнува до ксенофобични манифестации, на пример пред засолништата за бегалци, недостасува било граѓанска отпор против овие феномени. И токму тоа е главната разлика меѓу Истокот и Западот. Нешто повеќе: во источните провинции нападите врз мигранти не само што се толерираат, а дури се поддржуваат активно од широките граѓански средини. Затоа и извештајот отворено признава дека покрај бегалската криза иксенофобијата се зголеми уште повеќе – ништо, на исток има многу помалку странци отколку на запад.

Најпосле!

Добро е дека извештајот ги нарекува работите со вистинските имиња, но зошто дури сега? Зошто овие категорични заклучоци беа направени дури тогаш кога владејачката коалиција се почувствува притисната од подемот на деснопопулистичката “Алтернатива за Германија”?

По овој извештај треба да следи итна акција: повеќе пари за полициско присуство и за иницијативи против десничарските сили, како и повеќе категорични позиции на владите и премиерите на поединечните провинции, кои од страв пред сопствените граѓани често пати имаат тенденција да ја разубавуваат вистината.

Првиот чекор е веќе направен: соопштено беше сосема недвосмислено дека во Источна Германија има силна десничарско-екстремистичка закана. Следниот чекор би требало да е јасна на сите: оваа закана треба конечно да биде надмината.