Ким Кардашијан во уште една бизарна фотосесија

од desk2
93 прегледи

Таа јавно го бранеше својот сопруг Канје Вест, кога Тејлор Свифт се налути заради неговата песна “Famous” во која што, тој ја нарекува пејaчката “кучка”.taylor-swift-kim-kardashian-feud

И сега Ким Кардашијан открива дека некои од членовите на најблискиот круг на Тејлор, стапиле во контакт со неа откако таа објави видео на snapchat, од телефонскиот разговор на пејачката со Канје во врска со неговата песна, која Тејлор ја одобрува.

“Нејзините другарки ме нападнаа преку пораки”- изјавува 35- годишната реалити ѕвезда во интервју за списанието “Wonderland”.rs_1024x759-150830172152-1024-silly-squad-cm-83015

Но таа не кажува кој и ги испратил пораките, додавајќи: “Не сум очајна”.

Ким исто така инсистира дека не се обидувала да ја засени пејачката, тврдејќи: “ Јас никогаш, јавно, не зборувам лошо за луѓето. И се уште се чувствувам дека не сум го направила тоа. Јас сум искрена. Обожавателка сум, ми се допаѓа нејзината музика. Немав лоша намера.”

Ѕвездата на шоуто “Keeping up with the Kardashians”, може да биде видена како позира во бизарна серија фотографии.38b1e2fd00000578-0-image-a-1_1474568781876

На една од фотографиите, таа е легната на кујнски шанк, облечена во бохо- фустан и бели свилени чорапи, со разбушавена коса и неколку десерти покрај неа, таа јаде шлаг директно од лименката.38b1e30100000578-0-image-a-2_1474569292561

На друга снимка таа носи пресечен-топ со долги проѕирни ракави и меки крзнени парчиња што и ги покриваат градите.38b1e2f500000578-0-image-a-3_1474569311715

На трета фотографија, таа позира од позади во розеви кадифени тренерки.

Додека пак за насловната страна на списанието, Ким е облечена во невообичаен невестински комплет.38b21e4a00000578-0-image-a-4_1474569721161

Претходно во Јули, Тејлор ја критикуваше Ким, откако Ким ја пушти тајната снимка во јавност.

Тејлор изјави дека таа никогаш не ја одобрила песната, затоа што не била свесна за целиот текст и делот во кој Канје ја нарекува “кучка”.