Холивудскиот срцеркршач Леонардо ди Каприо ја објавил во продажба својата вила во Малибу за сума од речиси 11 милиони американски долари.
Актерот ја поседува куќата на плажа 18 години (ја купува во 1998 година за 1,6 милиони долари, кога е само 24-годишен), но очигледно веќе нема потреба од неа.
Бунгаловот што е изграден во далечната 1950 година е населен најчесто од мајката на ѕвездата – Ирмалин Иденбиркин.
Дрвената куќа на носителот на “Оскар” располага со три спални, две бањи, голема веранда, самостојна хидромасажна када и нуди спектакуларни погледи на Тихиот Океан.
Таа се наоѓа на ексклузивен дел од плажата во Малибу, Калифорнија – близу до Carbon Beach, кој е познат како “Плажата на милијардери”.
Во последните години Лео, кој од летото е во врска со супермоделот Нина Агдал, ја дава вилата на изнајмување за сума од 23 илјади долари месечно надвор од сезоната и 50 илјади месечно во текот на летото.
Ова не е прв дом на Леонардо во Малибу. Во 2013-та тој ја продаде друга своја куќа на истата плажа за сума од 17 милиони долари.
Видете слики на имотот во галеријата.