Супермодел сестрите Бела и Џиџи Адид, ги здружија силите на ревијата на “Max Mara” на модната недела во Милано.
Водејќи го “маршот”, како што се одвиваа настаните, Бела докажа дека нејзиното присуство е задолжително во светот на модата, со нејзиното самоуверено движење.
Истакнувајќи го нејзиното деколте во проѕирно боди, и без никаква облека на нозете, долгото палто оддаваше допир на елеганција, на нејзинот разголен комплет за вечерта.
Додека пак јаката шминка со живописни бои ги изрази нејзините убаво извајани јаболчници.
Исто така, нејзината постара сестра, ја откри својата деликатна жолта сенка на очите, додека чекореше по пистата.
Џиџи ја скри нејзината слаба фигура, замотана во широк плетен џемпер со тесна пенсил- сукња во црно-бели бои.
Неколку од моделите беа облечени во храбри тропски принтови, дефинирајќи ја колекцијата, чекор подалеку од стандардните костими на “Max Mara”.
Како што ги променија облеките, Џиџи подоцна демонстрираше еден стилски цветен целосен костим.
Додека беа фокусирани на нивната работа, и двете беа многу расположени додека позираа со нивните колешки- манекенки позади сцената.
По завршетокот на успешната ревија, Џиџи имаше инцидент со еден од фановите, кој ја грабна од позади и ја подигна од земјата, па таа беше приморана да се одбрани со тупаници.