Со дефилирање на модните ревии, на најпознатите модни дизајнери низ целиот свет, Џиџи Адид е навикната да биде облечена во провокативни и необични модели.
Па еден од таквите случаи беше во средата, кога таа и нејзината сестра се “прошетаа” на модната писта на “Fendi”, кога што дефинитивно сите очи беа вперени во нејзе.
21- годишната девојка на Зејн Малик, ги сврте сите глави кога излезе во цветно-сив проѕирен фустан, низ кој целосно се гледаа нејзините изложени гради.
Краткиот фустан блескаше под рефлекторите на пистата, како што таа парадираше во пар необични тиркизни потпетици, покажувајќи зошто е една од најжешките модни сензации.
Додека пак нејзината сестра Бела изгледаше скромно, во конзервативни, но подеднакво-повикувачки за внимание, модели на облека кои што беа избрани за нејзе.
На настанот присуствуваа голем број на славни личности, како пејачката Ели Голдинг и тенисерката Серена Вилијамс, која што пристигна со уредничката на “Vogue”, Ана Винтор.
Претходно, Џиџи имаше инцидент со еден од фановите, кој ја грабна од позади и ја подигна од земјата, па таа беше приморана да се одбрани со тупаници.