Откако Ким Кардашијан ги шокираше нејзините фанови со многу чудна фотосесија за списанието “Wonderland”, се појави и видеото за објавеното интервју.
Во интервјуто Ким открива дека некои од членовите на најблискиот круг на Тејлор, стапиле во контакт со неа откако таа објави видео на snapchat, од телефонскиот разговор на пејачката со Канје во врска со неговата песна, која Тејлор ја одобрува.
На сликите, 35- годишната реалити ѕвезда е испружена на кујнски шанк, облечена во бохо- фустан и бели свилени чорапи, со разбушавена коса и раширени нозе, со неколку десерти покрај неа додека таа јаде шлаг директно од лименката.
На друга снимка таа носи пресечен-топ со долги проѕирни ракави и меки крзнени парчиња што и ги покриваат градите.
На видеото, кое што личи како реклама за некој парфем, Ким скоро и не прави никакви движења, само позира со заводливи погледи.
Во позадина на клипот оди класична музика и се слуша нејзиниот глас, додека таа вели:
“Јас имам навистина едноставни соништа.
Навистина сакам, моите деца да веруваат дека можат да направат се. Само се надевам дека тие ќе бидат љубезни и кога ќе пораснат ќе имаат навистина прекрасен живот.”
“Многу сакам да бидам зафатена, но и обожавам да правам работи за самата себеси.” – додава таа.