[РЕЦЕПТ] Домашни бонбони “Тирамису“

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Состојки:
24 пишкоти
200 мл топло кафе
250 г чоколадо
3 кеси ванила во прав
1/2 лажичка инстантно кафе
200 г крем маскарпоне6ba13e1d1ab450aa644f4a7b9d869e34

Подготовка:
Во кујнски робот сомелете ги пишкотите. Сварете кафе и додека е топло прелијте ги со него искршеното чоколадо и добро промешајте за да се стопи. Ставете ги пишкотите во сад и додадете ги кон нив ванилата и инстантното кафе.

Промешајте и ставете ја чоколадната смеса, заедно со маскарпонето. Откако ќе се добие хомогена смеса, оформете мали топчиња и  ставете ги во фрижидер за околу еден час.

Конечно фрлете ги во растопено или течно чоколадо,  ставете ги во соодветен сад и повторно ставете во фрижидер.

Слични содржини