Тие две имаа неколку заеднички нешта. Покрај тоа што и двете се горди ќерки на нивните славни татковци, исто така тие се поранешни девојки на пејачот Џастин Бибер.
Хејли Болдвин(ќерка на актерот Стивен Болдвин) и Софија Ричи(ќерка на пејачот Лајонел Ричи) беа забележани на забавата за отворање на новата продавница на “Dolce & Gabana”, по завршувањето на ревијата во Милано.
Двете беа слично облечени во беспрекорно стилски чипкани тоалети(Хејли во бела боја, додека пак Софија во црна).
Неколку часови претходно, се одвиваше модната ревија на познатата модна куќа, на која што Хејли учествуваше како модел и се појави на пистата, додека пак Софија беше гостин и седеше во првите редови.
Софија и Џастин се разделија неодамна, по еден месец заедно, откако се изјави од блиски извори дека врската воопшто не била сериозна од самиот почеток.
Неколку месеци претходно контроверзниот пејач беше во врска со Хејли Болдвин.
На настанот за отварањето на новиот бутик, како и претходно на ревијата присуствуваа и многу други познати личности како Систин Сталоне(ќерката на Силвестер Сталоне), Сара Снајфер(девојката на Џејден Смит), Ана Винтор(уредник на Vogue), манекенките на “Victoria’s Secret” Сара Сампајо, Елса Хоск и други.