Странските професори може да ја напуштат Британија

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Велика Британија ризикува да се лиши од 15% од професорите од Унијата, предупреди весникот “Гардијан”.

Весникот се повикува на претседателот на Германската служба за академска размена (DAAD) Маргарет Винтермантел.5083160

“Можностите за движење на научниците не треба да бидат ограничени. Уште сега владата на Велика Британија треба да ги подготви сите за тоа. Во спротивно постои ризик таа да загуби над 15 проценти од наставниот кадар”, истакна Винтермантел.

Таа истакна дека неувереноста во иднината веќе побуди некои од познатите научници да се откажат од работа во земјата. Весникот забележува дека на универзитетите во Велика Британија работат 32 000 странски професори (17% од сите професори), од кои 5200 се државјани на Германија. Винтермантел е загрижена и од положбата на учениците од Унијата.

“Ако учениците од ЕУ бидат принудени да платат повеќе за студиите од британските колеги, тоа ќе доведе до крах на системот на студентските размени во ЕУ”, рече таа. Според неа во моментов во кралството учат 14 000 германски студенти. ”

Исклучувањето на Лондон од европската програма на студентски размени “ЕРАЗМУС” би било катастрофа “, смета експертот. Седум водечки британски научни организации, вклучувајќи Британската академија и Лондонското кралско друштво веќе испратија писмо до Владата со барање да ги смири истражувачите од ЕУ и да им даде гаранции дека “тие или нивните семејства ќе можат да продолжат да живеат и работат во Велика Британија”.