Новото лице на кризата во неуспешно социјалистичката Венецуела – новороденчиња во картонски кутии

од desk3
115 прегледи

2111183512

По кадрите на огромни редици пред продавниците со празни полици, преминиувачи на колумбиската граница на жени со торби и сиромашни болници, новото лице на кризата во Венецуела се бебиња во … картони.

Шокантни слики на новороденчиња, сместени во големи картонски кутии на површина во породилното одделение на болница, ги обиколија социјалните мрежи и предизвика негодување во и надвор од земјата.

Кадрите беа објавени во “Твитер” од адвокат и опозициски активист по име Мануел Фереира, откако му биле испратени од лекари кои се обидуваат да го привлечат вниманието кон катастрофаланата ситуација во венецуелските болници.

Сликите се направени во болница “Лас Гарсас” во градот Барселона, државата Ансоатеги. Директорот на здравствената установа прво негираше на автентичноста , нарекувајќи ги “злобен медиумски напад”, а потоа ги дефинира како единствен случај.

Пратеничката Онеида Гуаипе коментира дека случајот е индикативен за кризата со која се соочуваат болниците. Таа посочи дека ова не е прв ваков случај и дека само во септември во друга болница во градот има 40 случаи на починати новороденчиња.

Мајките се неухранети, затоа раѓаат слаби бебиња, освен тоа недостасуваат вакцини, коментира Фереира пред медиумите.

Според статистиката од јуни на венецуелската федерација на болничари во земјата има недостиг на над 80% од лековите. Медиумите јавуваат дека лекарите понекогаш се принудени да користат ветеринарни лекови. Повеќе од 13 илјади лекари, или околу 20% од докторите во земјата, емигрирале во последните четири години. Според податоците на венецуелската лекарска федерација некои болници работат со само 5% од потребната опрема.

Иако има едни од најголемите нафтени наоѓалишта во светот, земјата е на работ на економски и социјален колапс

Истовремено владата негира дека здравство е во криза.

Иако земјата е голем нафтен производител, по падот на цените на нафтата во 2015 година локалното население чувствува недостиг на 80% од основните стоки – храна, лекови. Во 2015 година инфлацијата скокна до 180%.