Кога државниот скретар Џон Кери излезе на бината во Обединетите нации минатата среда за да даде сериозно негирање за воздушниот напад врз хуманитарниот конвој кој одеше кон сирискиот град Алепо, претседателот Обама беше во градот, во неговиот хотел на Менхетен, и се подготвуваше за ден за средби со дипломати, меѓу кои и од Африка, Израел и Колумбија – но, сомнително, не и Сирија.
Тоа е типично за пристапот „на дофат на рака“ кој претседателот го применува кон конфликтот во Сирија на светската сцена во последниве недели. На средбите на самитот во Кина на почетокот на месецов, тој студиозно избегнуваше да преговара за сопирање на огнот со претседателот Владимир Путин, од Русија, и му ја остави дипломатијата на Кери и неговиот руски колега. Во Генералното собрание на ОН; тој само ја спомна Сирија во своето опширно обраќање во заминување.
Службени лица од Белата куќа наведуваат дека јавното дистанцирање на Обама не го одразува недостигот од загриженост. Напротив, тие велат дека претседателот очајно очекува Кери да договори остварлив договор со Русија со кој ќе сопре безмислосното бомбардирање на цивили во Алепо и низ цела Сирија – освен ако нема и остварлив план Б за да се сопре со колежот.
Но кога претседателствувањето на Обама влегува во последните мссеци, преговорите со Русија станаа вежба за тегнење јаже, со што на претседателот кој долго го избегнуваше воето мешање во Сирија му остана политиката за која и тој самиот верува дека е осудена на пропаст.
Неделава, неговата фрустрација протече и во јавноста. Ситуацијата во Сирија „постојано ме прогонува“ рече претседателот во интервју со историчарот Дорис Кирнс Гудвин, кое беше објавено во четвртокот во списанието Венити феар.
Тоа е мешавина од покајание и одбрана. Обама рече дека се двоуми во врска со Сирија повеќе отколку со кое било друго прашање за бреме на неговиот мандат. Тој го повтори побивањето кон неговите критичари кои кажуваат дека тој требаше многу порано да ги вооружи умерените бунтовници во конфликтот или да продолжи со својата закана дека ќе преземе воени мерки против владата на претседателот Башар ал Асад, откако овој фрли отровен гас врз цивили во 2013 година. Но тој призна дека можеби имало грешка во замислувањето на неговиот одоговор во врска со конфликтот.
– Се прашувам самиот: Дали можеби имаше нешто за што и не помисливме?, и одговори претседателот на Гудвин. „Дали постои некој чекор кој е надвор од ова што ми беше презентирано и кое Черчил можеби и би го забележал, или пак Ајзенхауре би го смислил?“
Додека Обама ја поддржува дипломатијата на Кери – дури и покрај противењето на Пентагон – тој не сака да биде вовлечен во тоа. Кога Кери се сретна со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на средбата на Г-20 во Хангжу во Кина, на 4 септември, двајцата за малку не дојдоа до договор за прекин на огнот заради, како што велат добро запознати лица, мали детали. Американски претставници се сомневаат дека русите одолговлекуваа со договорот за тој да биде потпишан на средбата веќе следниот ден помеѓу Обама и Путин.
По 90-минути, Обама со сериозен израз на лицето излезе и рече: „Со оглед на јазот во довербата кој постои, ова се тешки преговори, и се уште не сме ги затвориле празнините на начин за кој ние сметаме дека ќе функцинираат“.
Тој му даде инструкции на Кери да продолжи да разговара со Лавров, и двајцата дојдоа до напредок во Женева пет дена пдооцна. Помошниците на Обама велат дека тој бил одлучен на Путин да не му даде платформа да објави дека Русија работи рака под ракла со САД во Сирија, посебно затоа што тој не верува дека русите ќе ги почитуваат условите од договорот.
– Претседателот не беше подготвен да им го понуди на Русите она што тие најмногу го посакуваат – симболичен знак за соработка на САД – се додека Русите не стигнат до својот крај од спогодбата, рече прес секретарот во Белата куќа, Џош Ирнест. „Токму затоа спогодбата е структурирана така како што е. И вкоренето во нашиот скептицизам дека така и ќе функцинира“.
– Претседателот не сака кредибилноста на САД да биде разнишана од неченоста на Русија и вољата да се жртвуваат принципите во име на убедливоста, додаде Ирнест.
Скептицизморт на Обама се покажа исправен кога хуманитарниот конвој беше погоден од воен авион, за кои американски службени лица веруваат дека бил руски. Белата куќа силно реагираше. Бенџаимн Роудс, заменик советник за национална безбедност, рече: „Прашањето е дали во овој момент сосема да се повлечеме или не од преговарачката маса, или дали да продолжиме или не со дипломатија и консултации за да пронајдеме дали потсои или не некаков пат напред“.
Сепак, Обама го остави Кери повторно да му пријде на Лавров на средбата на Советот за безбедност во Обединетите нации.
Во таа смисла, неговото спомнување на Сирија за време на Генералното собрание на ОН тоа беше кажано во општ хуманитарен смисол. На средбата со други светски лидери во врска со бегалската криза, Обама прочита писмо од шестгодишно момче од сирискиот град Алепо кое беше фотографирано искрвавено и правливо откако било спасено од под урнатини по воздушно бомбардирање.
Белата куќа го снимило момчето кое гласно го чита писмото и таа снимка стана хит на социјалните мрежи.
Маките на Обама со Сирија се најболна точка кога тој се обидува да ја сумира својата оставштина од надворешната политика. Во неговиот говор на Генералното собрание, на пример, претседателот ги цитираше своите дипломатски овертури кон Куба и Мјанмар, како и за иранскиот нуклеарен договор и парискиот климатски договор, за кои тој рече дека се пример за моќта на глобалната соработка. Но кога ја спомна Сирија, Обама зборуваше за пречките наместо за можностите.
– Ако сме чесни, ќе сфатиме дека ниту една надворешна сила нема да може да натера различни религиозни заедници или етнички заедници да коегзистираат за долго, рече тој . асоцирајќи на секташките поделби во Сирија „Верувам дека реба да бидеме чесни во врска со природата на овие конфликти“.
Обама не направи ниаква директна асоцијација во врска со преговорите со Русија, и само рече: „На места како Сирија, каде нема да се извојува никаква врвна воена победа, ќе треба да водиме тешка дипломатија која има за цел сопирање на насилствата, и доставување на помош за оние на која им е најпотребна“.
Неколку поранешни службени лица рекоа дека разбираат зошто Обама стои на дистанца од овој проблем.
– Искрено, се сомневам дека вклучувањето на Обама на дипломатска страна нешто многу ќе помогне, рече Роберт Форд, поранешен американски амбасадор во Дамаск, кој е сега висок соработник во Институтот Блиски исток. „Како и Кери, и Обама нема шанси да се надмудрува со надмениот Путин, освен ако Обама не става во игра во војната во Сирија нови елементи во материјалот – не само вербален притисок против алијансата Асад-Русија-Иран“.
Денис Рос, поранешен координатор за блискоисточни политики во националниот совет за безбедност, вели дека дилемата на Обама потекнува од првите денови на неговиот одговор за конфликтот во Сирија, кога тој го сметаше за секташки судири слично на оние во соседен Ирак. И кога војната се повеќе се разжестување, а опозицијата стана се поисламистичка, ставот на Обама се стеснуваше.
Ро вели дека сега претседателот има малку причини да каже што било. „Тој знае дека што и да каже ќе се бара од него да стори нешто ако е тоа тешко – а тој нема да го стори тоа – или ќе направи тој да изгледа слаб и неефикасен на проблемот кој ќе остане како дамка на неговата оставштина, рече тој