Исланѓаните избираат име на детето од официјална листа

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Исланѓаните треба да се во согласност со државните институции при изборот на имиња за своите деца. 5084562Во земјата има листа со имиња, од кои може да се избира и кои се овластени од регистрите за граѓанска состојба, пишува францускиот весник “Фигаро”.

Тоа е т.н. Комисија за имињата / “Mannanafnanefnd” на исландски /. Таа почитува дали имињата се во согласност со традицијата и исландскиот јазик. Интересна карактеристика на јазикот е дека фамилијата се формира кога кон името на таткото се додава суфиксот според полот на детето – sson за момчиња и dottir за девојки.

На пример ако еден маж се вика Сигурдур, презимето на неговиот син ќе биде Сигурдсон / син на Сигурдур /, а на неговата ќерка – Сигурдурдотир / ќерката на Сигурдур /.

Сепак оваа листа се ажурира и збогатува со имиња, така што на 21 септември комисијата објави 11 нови имиња, меѓу кои женските Луна, Хофдис, Ејлиф и машките Киран и Ејар.

Дозволено беше да се крштеваат девојки со името Анџелина доколку акцентот е на буквата “и” според барањата на исландската граматика.

Сепак има надеж оваа комисија да отпадне како архаизам, за каков го сметаат исландските младинци. Нова околност се и бројните имигранти кои сакаат нивните деца да носат имиња, во согласност со нивното потекло. Дали листата со имиња ќе остане ќе се реши по парламентарните избори на 29 октомври.