Како да си направите домашен сируп за кашлица

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Доаѓа сезоната на настинките и кашлицата. Традиционалните лекови секогаш помагаат. Но, затоа пак природата се погрижила да ни го подари неопходното за надминување на овие тестови.afe547777c20b3dad44fd0b06bc2f96a

Можете да си направите домашен сируп за кашлица со кромид и мед , кој ќе ве ослободи од непријатната состојба и ќе ви го награди организмот со незаменливи корисни материи.

Кромидот има антимикробни својства. Тој е богат со витамини и има корисни сокови, кои влијаат на дишните патишта, навлажнувајќи ги.

Медот пак е природен антибиотик, кој се бори бактериите, вирусите и микроорганизмите. Комбинацијата од двата производа е исклучително корисна и ефикасна против кашлица.
58727a1889639144d5e88bb6c4fc3734
Како да си направите сируп за кашлица со кромид и мед?
Излупете една глава кромид (може бел, може и црвен) и исечете ја на големо. Врз него истурете мед, колку да го покриете. Покријте го садот со капак или завиткајте со пластична кујнска фолија. Оставете да отстои во фрижидер преку ноќ.

Наутро исцедете ги настанатите сокови со тоа што темелно ќе го отстраните кромидот. Добро промешајте. Се добива во просек густа смеса. Пијте од неа по една лажица на секои два часа, за да ја ублажите кашлицата.

Забелешка : По желба можете да додадете и сок од лимон, бидејќи тој има докажано антивирусно и антимикробно делување. Лимонот е богат со витамини и има бројни поволности при инфекции на горните и долните дишни патишта.