Лондон ќе ја поддржи Турција за нејзино пристапување кон Европската унија (ЕУ) и покрај британскиот референдум од 23 јуни за излез од блокот, изјави министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон во понеделникот, цитиран од POLITICO.

“Може и да ја напуштаме Европската унија, но не напуштаме Европа”, рече Борис Џонсон, за време на официјалната посета на Турција, пренесува AFP. Тој додаде дека Велика Британија “ќе помогне на Турција во сите положби”.
Џонсон увери дека Велика Британија ќе продолжи да ја поддржува Турција по обидот за преврат против претседателот Ердоган во јули. Велика Британија ќе стои “рамо до рамо со Анкара”, рече Џонсон, додавајќи дека таа има витална улога на светската сцена.
Џонсон посети камп за сириски бегалци и ја пофали Турција за “извонредна работа”, која ја прави за надминување на бегалската криза.
Фалијќи се дека е “горд сопственик на убав, многу добро функционална турска перална” Џонсон ја истакна важноста на трговските односи меѓу Британија и Турција.
“Ние во Велика Британија сме среќни што сме еден од најголемите приматели на турска стока”, рече тој, цитиран од Guardian.
Односот на Џонсон со Анкара не била толку пријателски. Во мај, пред да биде избран за министер за надворешни работи на Велика Британија, Џонсон освои поетска награда со груб текст во кој ги опишува љубовните односи на турскиот претседател И Реџеп Таип Ердоган со коза.