Неодамна имаше шпекулации дека нивниот брак се распаѓа. Меѓутоа Жизел Бундхен и Том Брејди го покажаа токму спротивното, кога беа забележани во Поситано во Италија.
Двојката беше забележана како уживаат на ручек во еден ресторан покрај вода и тие имаа очи само еден за друг додека ручаа и флертуваа преку масата.
Витката става на Жизел беше јасно видлива и под нејзиниот едноделен костим со црно-бел дезен.
Заљубените птички поминаа и неколку часа сунчајќи се, додека се возеа на брод и го разгледуваа прекрасниот брег на Амалфи, претходно во денот.
Тие двајца се запознаа на состанок на слепо во 2006 – та година и се во брак 7 години.
Имаат 2 заеднички деца(6 – годишниот Бенџамин и 3- годишната Вивијан), додека пак Брејди има и 8 – годишен син, Џон, со актерката Бриџет Мојнахан.