Почина Шимон Перес

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Поранешниот израелски претседател Шимон Перес, добитник на Нобеловата награда за мир, почина на 93 години по мозочен удар, пренесе ТАСС.

peres

Неговата здравствена состојба беше силно деградирана и лекарите одамна го очекуваа најлошото, особено откако пред две недели Перес доби мозочен удар и беше поставен на вештачко дишење во состојба на вештачка кома. Шимон Перес беше претседател на Израел во периодот 2007-2014 година Тој е роден на 2 август 1923 на територијата на денешна Белорусија. За речиси 70 години политичка кариера, тој смени многу министерски портфолија, беше два пати премиер, на чело на израелското Министерство за надворешни работи, Министерството за финансии и други сектори. Во 1994 година, додека беше министер за надворешни работи на еврејската држава, тој активно учествува во мировниот процес на Блискиот Исток.  Тогаш, заедно со премиерот Јицак Рабин и палестинскиот лидер Јасер Арафат, тој ја  доби Нобелова награда за мир за “напорите насочени кон постигнување мир на Блискиот Исток”.