Секоја домаќинка има свои мали трикови кои често ја спасуваат во домаќинските ситуации. Споделуваме неколку корисни совети кои ќе се претворат во ваши трикови.
Ако на дрвената маса се оформи кругче од чашата со пијалак, лесно може да го отстраните, ако нанесете со памучна крпа малку растително масло кое претходно малку сте го размешале.
Чевлите од велур и превртена кожа се одржуваат потешко и со специјални спрејови, сунѓери. Ако во дадениот момент немате посебен сунѓер, може да се отстранат несовршеностите со помош на обична гума за триење. Се разбира, бидете внимателни и не притискајте.
Понекогаш на џемперите или оние кои се од вискоза се формираат мали топченца. Ако немате специјално апаратче за нивно чистење, може да ги отстраните со помош на селотејп.
Кожените чанти во темни бои ќе станат повторно сјајни, ако ги поминете со памук на кој претходно сте ставиле лимонов сок.
Кожените јакни , здолништа, додатоци и панталони, можат да го вратат својот свеж изглед, ако ги избришете со памучен партал и малку глицерин.
Темната облека може да ги задржи боите за подолго време, ако на крајот на перењето додадете во водата мала количина оцет. По 10 минути може да ги исплакнете.
Ако патентите на облеката не се отвараат лесно избришете ги со тврд сапун.
Секоја дама има барем еден пар патики. Ако вашите имаат поширока бела гума, знаете колку лесно се оставаат траги и колку е тешко да ги исчистите. Сè што ви треба е стара четка за заби и паста. Избришете ја добро површината и потоа избришете внимателно.
За да се отстрани непријатниот мирис од чевлите, во две памучни чисти парцалчиња ставете мало количество сода бикарбона. Заврзете ги со конец и ставете ги за неколку часа во чевлите.
Линолеумот ќе ја загуби брзо своја боја, ако го измиете со многу топла вода.
За да се отстрани непријатниот мирис на риба или лук од рацете, треба да ги избришете со сол, а потоа да ги измиете со вода и сапун.