Трамп лажел 58 пати во текот на дебатата со Клинтон, објавија од Демократската партија. Од штабот на Хилари се категорични дека внимателно го следеле секој збор од неговиот говор, по што ги пребројале неточностите во неговата изјава. Дебатата меѓу двајцата е гледана од рекордни 84 милиони луѓе во САД. Со тоа тој го надмина претходниот рекорд, кога пред 36 години еден против друг се сретнаа Џими Картер и Роналд Реган. Во 1980 година тој бил гледан од 80 милиони и 600 илјади гледачи.
Самиот говор на Трамп продолжи 46 минути од вкупно 90 минути телевизиско време. Неговата ќерка, како и неговата сопруга го набљудуваа внимателно од првите редови во салата.
Од штабот на Клинтон се категорични дека лагите биле експлицитни цело време на неговата изјава. И даваат пример – Трамп “негира дека го воспевал рускиот претседател Владимир Путин” и дека “никој не знае дали Русија го пробила компјутерскиот систем на Демократската партија.”
Меѓу другите “лажни” изјави биле неговите коментари за неговиот однос кон војната во Ирак, а лагата била реченицата, кога рекол дека “не ја поддржувал воената интервенција во оваа земја уште од самиот почеток”.
За време на целото негово говорење, неговиот говор беше строго следен и од поранешниот американски претседател и актуелен сопруг на Хилари Клинтон, Бил. Тој не успеа да ја прикрие лесната насмевка со која ја слушаше дебатата.
Според резултатите потоа пак стана јасно дека Клинтон е го победила Трамп за време на дебатата.
Гледачите ја дадоа довербата на Клинтон – според 62 отсто од нив таа била убедлива. Републиканецот освои 27 отсто одобрување.