Научниците кои работат во Африка, открија фрагменти од протеини стари 3,8 милиони години во школка од јајце на ној, соопшти Гизмодо, цитирани од bTV. Овие протеини се со милиони години постари од најстарата позната ДНК. Тие даваат надеж дека може да се најде древен протеиниод исчезнати животни, па дури и од рани луѓе.

Протеините се основните градбени елементи на животот. Од нив се образува сè – од забите и ноктите, до кожата и органите. Фрагментите, откриени од страна на научниците предводени од Метју Колинс од Универзитетот во Њујорк, се значително постари од извлечена досега ДНК од фосили, која беше не повеќе од 700 000 години. Тоа дава надежи слични протеини да бидат извлечени и од најраните човечки фосили.