Професорот Стивен Хокинг повика човештвото да се зафати со освојувањето на други планети. “Мислам дека човечката раса нема иднина, ако не излезе во вселената. Ние треба да ја инспирираме следната генерација да биде ангажирана во истражувањето на вселената и науката како целина “, рече Хокинг.

“Треба да се запрашаме што ќе откриеме кога ќе излеземе во вселената. Важно е да се подготвиме за тоа”. Ова го тврди британскиот научник во својата книга “Како да создадеме вселенски брод”, дел од која е објавена во “Гардијан”.
Според Хокинг Земјата се наоѓа во се поголемата опасност и може да биде уништена како резултат на стихијна катастрофа или техногенна катастрофа.
Според него главните ризици за човештвото се нуклеарната војна и напад на генетички создаден вирус.