Кој го носи на душа Коста Крпач?

од Vladimir Zorba
160 прегледи

По пресот на СЈО, на кој беше обелоденет случајот „Трезор“, станува јасно дека сведокот (незаштитен) на СЈО Коста Крпач најверојатно е ликвидиран од тие што сакале да го прикријат криминалот со набавките во МВР. Но, тоа мора да се расветли во посебен случај, еден ден.

zarko jordanoski

Сега е важно дека пратениците што одбиваат да ги прифатат барањата на СЈО за измени на законот за заштита на сведоците, мора да сфатат дека со својата постапка го носат на душа и Крпач, а можеби и други како него. Тие ги обесхрабруваат сите други што би сакале да соработуваат со законот и да помогнат во борбата со криминалот.

Е, тоа е предавство на својата држава – да се ставиш во служба на криминалот наместо на законот!

Крајно време е тие пратеници, политичари, новинари, јавни личности и други, што не се замешани во криминал, а учествуваат во оваа валкана игра, на одбрана на ова статус-кво, и крвничка борба против СЈО, да се го чукнат прстот во чело. Да ја разбудат заспаната совест и да се запрашаат што всушност прават, за кого, со какви цели?

Без оглед на сè, СЈО е светла точка на патот кон воспоставување на владеење на правото и законот и затоа мора да се поддржи. Тоа е должност на секој чесен човек во овој момент во Македонија, без разлика на политички убедувања и интереси.

Жарко Јорданоски

Извор: Слободен печат