Американската телевизиска ѕвезда Ким Кардашијан одлучи да го тужи украинскиот новинар Виталиј Седјок, кој се обиде да ги бакне задните нејзините делови за време на модната недела во Париз, соопштува TMZ.
Извор близок до ѕвездата, споделил пред изданието дека таа ќе поднесе барање да биде издадена забрана на репортерот да ѝ се доближува.
Сопругата на раперот Кание Вест истакна дека однесувањето на Украинецот е закана за неа и други луѓе. Во документ до француската полиција таа пишува дека Седуик нема да запре “, ако не си плати за стореното”, забележуваат изворите.
Кардашијан исто така има железна психа, пишува Daily Mail, бидејќи само неколку часа по инцидентот со Виталиј, објави слика во Instagram со натпис “париски вибрации”.
Ова е втора скандалозна прошетка на Седуик поврзана со Кардашијан. Во септември 2014 година, повторно на модната недела во Париз, тој се обидел да ја кутне на земја телевизиската ѕвезда кога таа слегувала од автомобил.
Исто така во листата на жртви на овој новинар е и топмоделот Џиџи Адид. На 22 септември оваа година на модната недела во Милано, Седуик ја нападна манекенката додека си правеше селфи со фанови.
(ФОТО) И на Ким Кардашијан ѝ се пушти напаѓачот на Џиџи Адид
Новинарот се приближи до неа и ја крена од грб. Адид сепак не му остана должна и го удри со лакт во лицето.
На 5 јуни 2014 година Украинецот беше повикан во судот во САД за да одговара за негов напад над актерот Бред Пит, кој се случил пред три години.
Тогаш тој се обидел да го бакне актерот за време на премиерата на филмот “Господарка на злото”, каде што Џоли исполнува главна улога.