Ким Кардашијан за малку се спаси да не биде нападната од серискиот “пренкстер“ (prankster) Виталии Седуик, две години откако направи хаос напаѓајќи ја на Париската модна недела.
35 годишната риалити ѕвезда одеше по улицата откако ги напушти канцелариите на Балмејн во француската престолнина, кога Виталии се протна меѓу обезбедувањето и проба да ја стигне за да ја бакне во нејзината позната задница.
За среќа беше запрен пред да ја допре ТВ ѕвездата и беше соборен на земја од нејзините телохранители.
Инцидентот се случува точно 2 години откако Седуик направи скандал пробувајќи да ја фати Ким на ревијата на истиот бренд во 2014.
Ова се случува исто така една недела откако 27-годишниот лик доби лакт во главата од супермоделот Џиџи Адид , кога ја дигна во раце за време на модната недела во Милано.
Седуик овој пат речиси ја зграпчи Ким, кога дотрча и ја фати за нозете, пред нејзиниот асистент Стефани Шепард да влезе во акција.
Тој беше соборен на земја и проба да си го покрие лицето, откако вниманието беше целосно насочено кон него.
Ким, пак, изгледаше како да не забележува што се случува до последен миг.